Пред неколку дена Роберт Просинечки беше назначен за нов селектор на Црна Гора, селекција со која во Анталија на 25 март ќе одиграме пријателска средба.
Инаку познато е дека со оглед на своето минато, популарниот Жути е “магнет“ за медиумитем секој негов збор се прераскажува.
Па така тој деновиве даде интересна изјава дека е можно да се врати во Белград, во редовите на Ц. Звезда.
Да потсетиме дека како фудбалер беше дел од најславната генерација на тимот кој беше европски и светски првак, а како тренер тој и го донесе на Ц. Звезда пехарот во Купот на Србија во 2012.
„Зошто да не? Можно е во иднина да се вратам во Ц. Звезда. Ги гледав сите нејзини мечеви есеноска во Лигата на Шампионите. Доволно сум упатен во случувањата во клубот. Во животот се е можно, никогаш не треба да се каже никогаш. Ц. Звезда е голем клуб и за секого е голем предизвик, па и за мене, секако“ рече покрај другото Просинечки.