Мега “бомба“ од Мадрид: Перез спрема тандем од соништата, Мбапе е сигурен а со 200 милиони евра ќе се купува и Халанд!

1428

Ако некој тоа го може, секако дека тоа е само Реал Мадрид. “Кралевите“ и Дон Флорентино Перез сакаат победнички Реал кој ќе “гази“ во следните 10 години, просто да биде непобедлив.

Последните информации од Мадрид велат дека Килијан Мбапе и дефинитивно во јуни ќе го облече белиот дрес, веќе нема дилеми, ама мега “бомбата“ е информацијата дека со 200 милиони евра “кралевите“ ќе го купуваат и Ерлинг Халанд.

Со ова Перез сака да создаде напаѓачки тандем од соништата, Мбапе – Халанд заедно со Белингем и останатите “кралеви“ ќе бидат дел од новите “Галактикоси“, можеби на најдобриот тим во историјата на фудбалот.

Се напоменува дека Алфонсо Дејвис од Реал Мадрид е веќе договорен. Да не заборавиме и на чудото од Бразил – Ендрик.

Ова е “дрим-тимот“ на Реал Мадрид за сезоната 2024/25.

Куртоа, Карвахал, Милитао, Алаба (Ридигер), Дејвис, Чуамени (Ѓулер),  Камавинга (Валверде), Белингем, Винициус (Родриго, Ендрик), Халанд, Мбапе.

Страшно… ДА СЕ СМРЗНЕШ…

Што ли ги чека Барса, Сити, Баерн, Ливерпул, ПСЖ?

Ќе се борат само за да влезат во финалето во ЛШ и толку, а во Ла Лига предвреме ќе му го даваат пехарот на Реал Мадрид.

Нема воопшто да биде интересно…

Фановите на Реал се во транс.

ПретходноБитола сонува за Куп трофеј: Може ли Пелистер да ја добие и оваа битка со МЗТ Скопје?
СледноПросинечки: Можно е да се вратам во Ц. Звезда!