МЗТ Скопје го освои 12-ти пехар во „Купот на Македонија“, откако го совлада Пелистер со 62-60 во големото финале кое изминатите денови се одржуваше во Битола.
Дамјан Робев го понесе МВП признанието, тој беше џокерот на Васко Атанасков. Влезе на местото на повредениот Војдан Стојановски. Беше креатор на серијата на својот тим за кам-бек во мечот, зад своето име запиша 13 поени.