Португалецот потпиша на почетокот на месецот, а после 20 дена ја напушти екипата

883

Поранешниот португалски репрезентативец Бруно Алвеш на 39 години потпиша договор со Фамиликао, после три сезони минати во Италија.

Сепак, некогашниот играч на Ренџерс, Каљари, Фенербахче, Зенит и Порто само 20 дена подоцна го раскина договорот.

Медиумите во Португалија пишуваат дека влегол во конфликт со тренерот Иво Виеира, па поради тоа не сака следната сезона да го носи дресот во кој своевремено играл и неговиот татко.

ПретходноПолицијата го уапси исчезнатиот олимпиец од Уганда
СледноАдетокумбо го „згази“ Феникс со 50 поени: Бакси ја освоија титулата после 50 години (ВИДЕО)