Брајтон со петка го “поздрави“ Шефилд на негов терен!(ВИДЕО)

56

Одличен натпревар одигра Брајтон денеска на гостувањето кај Шефил и забележа убедлива победа од 0:5. Момците на Роберто Де Зерби просто си поигруваа со домашните фудбалери.

Гостите во водство дојдоа во 20.минута со голот на Буананоте. Сепак треба да се каже дека Шефилд остана со играч помалку на 0:0 откако Холгејт доби црвен картон.

Тоа и како му помогна на Брајтон кој во 24.минута преку Велбек дојде и до 0:2.

Потоа беше се полесно за гостите, па така со автоголот на Робинсон и со двата гола на Адингра, мечот заврши со конечни 0:5.

А еве зошто Холгејт доби директен црвен картон:

ПретходноНорвежанецот Гронер го однесе Шкупи на лидерската позиција, Вардар пак е последен…еве како изгледа табелата!
СледноДали на повидок е драма? Челниците на Сити разговарале со менаџерите на Мбапе!