Како што се шпекулира во медиумите од Косово, челниците на тамошниот фудбалски сојуз почнале да го убедуваат младиот Аријон Ибрахимовиќ (18) да игра за селекцијата на таа земја.
Инаку Ибрахимовиќ е голема надеж на Баерн Минхен, за кого веќе напаѓачот има деби настап за првиот тим, но сега игра за Фросиноне и тоа како позајмен играч.
Ибрахимовиќ има играно за сите младински селекции на Германија, но не и за најдобрата.
Тој е роден во Нирнберг, но неговите родители потекнуваат од Призрен.