Баерн Минхен продолжува со лошите игри оваа сезона. Нов во редот кој успеа да го победи баварскиот гигант е Бохум. На домашен терен славеше со 3-2 во рамките на 22 коло во Бундес-лигата. Бохум последен пат против Баерн славеше пред две години, исто во меч од домашниот шампионат.
Овој пораз е нов удар за Баерн, бидејќи разлика со лидерот сега е цели осум бода. Томас Тухел доби ултиматум да победи на следните три меча, а тој веќе киксираше. Па се чини дека разделбата може да дојде и порано.
Мусиала во 14. минута погоди за 0-1. Бохум на полувремето постигна два гола и поведе со 2-1. Штогер од пенал зголеми на 3-1, додека до крајот Баерн успеа преку Хари Кејн го постави конечниот резултат 3-2.