Историски НБА Ол-стар натпревар се одигра во Индијанаполис. За прв пат на шоуто на најголемите ѕвезди од најсилната лига една екипа успеа да постигне повеќе од 200 поени. Тоа беше Истокот кој го совлада Западот со 211:186.
На Ол-старот виден е „дожд“ од кошеви и тројки. Тимовите заедно постигнаа речиси 400 поени, а за каков натпревар станува збор кажува уште една информација. Ол-стар натпреварот во 1953 година заврши со вкупно 154 поени. Овој сега со нереални 168 обиди за три поени.
Најмногу обиди има МВП на овој натпревар Лилард. Погоди 11 тројки од 23 обиди, од кои една од центарот за вкупно 39 поени. Тој додаде 6 асистенции и 3 скока и со тоа го заслужи трофејот Коби Брајант кој се доделува на најкорисниот играч,
Damian Lillard is the 2024 #KiaAllStarMVP!️
🌟 39 PTS, 11 3PM, 6 AST, East W 🌟 pic.twitter.com/rw5c6odnFL
— #NBAAllStar (@NBAAllStar) February 19, 2024
Најефикасен на Ол Старот беше Карл-Ентони Таунс. За само 27 минути постигна дури 50 поени. Тој исто така се обиде со многу тројки (13), но погоди само четири. Но, тој направи 19 обиди за два и стигна до споменатите 50 коша без ниту едно слободно фрлање.
Кај победниците Халибартон постигна 32 поени со 10 тројки, а Џејлен Браун беше втор најефикасен кај Истокот со 36 поени. Кај поразениот Запад, Шај Гилџис Александер постигна 31 поен.