„Марка“ тврди: Мбапе веќе ставил потпис на петгодишниот договор со Реал

105

Килијан Мбапе потпиша за Реал пред две недели, открива „Марка“. Францускиот напаѓач на тој начин од 1 јули ќе стане играч на мадридскиот гигант.

Мбапе пристигнува во Реал како слободен играч откако ќе му истече договорот со ПСЖ. Францускиот шампион се обиде да го задржи, постојано му испраќаше нови понуди, а потоа 25-годишниот Мбапе пресече и потпиша за Реал и му порача на ПСЖ дека повеќе не мора да контактира со него за продолжување на договорот.

Марка открива дека Мбапе потпишал петгодишен договор со Рало. Наводно, Мбапе ќе биде најплатен играч во тимот, но не и најплатен досега. Тој покрај бонуси и голем дел од парите од маркетиншки права ќе заработува околу 20 милиони евра по сезона. Во последните две сезони во ПСЖ заработуваше 72 милиони евра по сезона.

ПретходноЈокиќ го прозва Дончиќ пред сите: Тој е очаен, полош од мене!
СледноЃорческа напредуваше на ВТА ранг-листата