Се чини дека трансферот на деценијата, оној на Килијан Мбапе од ПСЖ во Реал Мадрид е готова работа. Сепак веста на денот, а е поврзана со Реал Мадрид е таа дека покрај Килијан во Мадрид во јуни доаѓа уште една мега – ѕвезда, односно се враќа во старото јато.
Тоа е Ашраф Хакими, десниот бек на репрезентацијата на Мароко и некогашен член на “кралевите“, поточно кажано “дете“ на Реал Мадрид. Во 2017 година направи трансфер во Дортмунд, потоа беше дел од првиот тим на Реал две години, но сепак не доби адекватна шанса за да себе си се промовира во екстра играч во дресот на Интер а од 2021 година го носи дресот на ПСЖ.
Се разбира дека со Хакими на десната бековска позиција а со Дејвис на левата, и секако со стоперите Милитао, Рудигер, Алаба, “кралевите“ ќе имаат супер одбрана. Да не заборавиме на Начо и Карвахал.