Италијанскиот шампион Наполи му врачи отказ на Валтер Мацари и на негово место го назначи словачкиот тренер Франческо Калцона до крајот на сезоната. Првиот човек на клубот Аурелио де Лаурентис го врати Мацари на местото на Руди Гарсија, но работите не се променија, формата е катастрофална и тимот е далеку од врвот.
Со Мацари тимот од Неапол оствари шест победи во 17 натпревари. Првично Де Лаурентис сакаше летоска да направи тренерска рокада, но одлучи уште сега да го смени и тоа пред дуелот со Барселона во ЛШ.
Со Калцона, Наполи ќе потпише шестмесечен договор. Инаку Калцона е селектор на Словачка, а ќе остане како селектор на ЕП што ќе се одржи во Германија. Новиот стратег ќе дебитира на клупата против Барселона во ЛШ.
Инаку Калцона претходно работеше во Наполи како асистент, а во 2022 година почна самостојна работа како селектор на Словачка и доста успешно си ја врши работата.