Кимих за малку ќе се степал со помошникот на Тухел

194

Тензично е во Баерн, поразот од Бохум беше врвот на разочарувањата, а трката по титулата пополека се губи. Баерн на 12 кола до крајот има осум поени помалку од лидерот Баер Леверкузен.
На теренот на мечот со Бохум се виде тензичната атмосфера во таборот. Џошуа Кимих беше изваден од Тухел, а тој прво се расплаче на клупата, а потоа имаше и вербална пресметка со помошниот тренер Золт Лев.
На Кимих не му се веруваше дека е изваден од игра во 63 минута, а му „пукнал“ филмот и со Лев си возвратиле пцовки. Очевидци велат дека за малку ќе дошло и до физичка пресметка.
Идното коло Баерн ќе игра против Лајпциг.

ПретходноБруклин без тренер: Вон доби отказ
СледноЏирона запрена во Билбао, Реал избега на +6