Играч на Лутон: Бев мртов 2 минути и 40 секунди

354

На крајот на минатата година, дефанзивецот на Лутон, Том Локер колабрираше за време на мечот со Борнмут во Премиер лигата. Играчот доживеал срцев удар, но докторите го спасија.
Бев мртов 2 минути и 40 секунди. Имав среќа што нападот се случи на теренот. Да се случеше на друго место можеби немаше да бидам жив. Татко ми и девојка ми беа на трибините, веднаш сфатија дека се случи нешто сериозно.
Им благодарам на докторите кои побрзаа и ме спасија. Не можам да кажам дали ќе се вратам на играта. Мило ми е што искусив играње во Премиер лигата, за играњето за репрезентацијата (Велс) но ако докторите ми речат да престанам да играм – ќе престанам“, изјави Локер.

ПретходноМарсеј го претстави новиот тренер пред мечот со Шахтјор во ЛЕ
СледноМиљан Радовиќ не е повеќе тренер на Воска