Лесјак: Против Кил да се претставиме во најдобро светло!

70

Во четврток во меч од групната фаза во ракометната Лига на шампионите, екипата на Е. Пелистер му гостува на Кил, на еден од најголемите клубови и не само во Бундеслигата, туку и во Европа. Се разбира дека битолчани ги чека тешко искушение, мора да го дадат најдоброто од себе да покажат дека имаат добар тим.

За тоа што го чека на гостувањето во Германија, свое видување има Урбан Лесјак, голманот на Е. Пелистер:

Играме во најракометната земја, имаат најдобра лига, екипите им квалитетни, салите се секогаш полни, така ќе биде и против Кил. Одиме со ист мотив како на мечот во Битола, но сакаме да се претставиме во подобро светло од првиот меч. Овој меч за нас ќе биде одлична можност за нас. Покажавме и на тој меч дека можеме да се носиме со нив.Да, загубивме со три гола разлика, но сметам дека решаваше на една топка. Жалам што не извлековме подобар резултат“ вели Лесјак и продолжува:

Мораме `машки` да влеземе на овој меч, во секој дуел. Да не се плашиме од ништо. Само така можеме да бидеме во егал и да се надеваме на нешто големо. Вербата и желбата мора да ги има од првата секунда, а потоа се е можно“ рече покрај другото голманот на битолчани.

ПретходноДа се знае кој е кој: Нејмар како шеик во соблекувалната на Ал Хилал! (ВИДЕО)
СледноЛШ: Разнишаниот Наполи со нов тренер на дуел со Барселона