ОФИЦИЈАЛНО: Холанѓанец доби дозвола да игра за Шпанија!

218

Одбранбениот фудбалер на Јувентус, кој е на позајмица во Рома, Дин Хeјсен одлучил да игра за Шпанија на место за Холандија. 18-годишниот фудбалер има играно за младинските репрезентации на Холандија, а минатиот месец се пресели од Јувентус во Рома и ќе ги брани боите на „волчицата“ до крајот на сезоната. Тој постигна два гола во осум натпревари.
Хејсен има договор до „Старата дама“ до јуни 2028 година. Но тој сега доби шпанско државјанство и веќе може да игра за Шпанија У21 и потоа ако задоволи и за сениорскиот тим.
Хејсен е роден во Амстердам но на пет години се преселил во Шпанија. Таму живеел 12 години, а ја почнал фудбалската кариера во Малага пред да се пресели во Јувентус.

ПретходноКадетскиот репрезентативец Јаневски потпиша за Бутел
СледноЖенската репрезентација на Македонија закажа две „контролки“ со Грузија