Бразликата Габи Гарсија (38) по шестгодишна пауза се враќа во светот на боречките вештини. Станува збор за борец кој има скор од 6:0 во ММА спортот, но моментално ниту една жена борец не е заинтересирана за меч со неа. Имено, Габи е 187 сантиметри и 110 килограми. Останатите борци сметаат дека Гарсија е преголема и дека нема смисла да се борат со неа.
Гарсија во последните години стигна до црн појас од трет степен во БЏЏ, а деновиве објави дека се враќа во ММА. „Габи Гарсија се враќа во спортот ММА и во борбата за титулата во тешка категорија“, напиша таа на Инстаграм. Гарсија е шесткратна светска шампионка во БЏЏ, а има црн појас и во џудо.
Бразилските медиуми еднаш напишаа дека нејзиниот сопруг ја малтретирал и таа имала физичка пресметка со него. Четири од шест борби во ММА завршија со предавање на противничката, а таа двапати победи со нокаут. Поради висината и тежината не успева да добие шанса на големи промоции, па главно се бори во Јапонија.