Новиот Американец во „црвено-жолтиот“ дрес: Голема чест е да се игра за Македонија!

464

Зад Итан Хап, новиот Американец во македонската репрезентација се неколку одработени тренинг-сесии со нашиот национален тим. Треба да биде од голема помош под нашиот кош во овој прв ФИБА „прозорец“ од новииот циклус од квалификациите, сега за пласман на Европското првенство во 2025 година.

Овој 27. годишен кошаркар, како што вели, со потекло од Илиноис, полека се аклиматизира на новите „услови за работа“.

Вели дека е возбуден пред почетокот на еден нов предизвик кој со себе го носи играњето за националниот тим, во овој случај, на Македонија:

„Среќен сум што ова, возбудливо е за сите нас, а особено за мене бидејќи е голема чест што сум Македонец и што ќе играм за Македонија. Ни претстои голема борба против Естонија и Полска и возбуден сум поради она што не очекува. Презадоволен сум од приемот овде, сите се гостопримливи, почнувајќи од претседателот на федерацијата, Перо Антиќ, па до соиграчите во репрезентацијата. Убаво ми е, работиме на хемијата во тимот, имаме само неколку дена, но се обидуваме максимално да ги искористиме“.

„Признава“ дека овој февруари, пред нашиот национален тим се два исклучително тешки предизвици. Да се биде подобар во мечевите со Естонија односно со Полска. И додава дека нашиот прв противник, селекцијата на Естонија важи за една која поседува многу талент:

„Естонија има многу талентирана репрезентација. Во минатото, тоа не беше кошаркарска земја, но во моментов има добар тим, со неколку квалитетни евролигашки кошаркари, па ќе мораме да извадиме се од нас за добар резултат“.

Фокусот е усмерен само кон она што е на програмата утре вечер, од 19.часот во СРЦ „Кале“, дуелот против селекцијата од Балтикот:

„Имаме големи очекувања како тим, но одиме чекор по чекор и не мислиме на крајниот исход. Фокусирани сме само на Естонија, а потоа ќе размислуваме на следниот противник. Се надевам дека ќе бидеме максимално подготвени до петок, кога играме со Естонија“ – вели новиот натурализиран македонски кошаркар.

Македонија е дел од групата „Х“ во овој квалификациски циклус, во која се уште и репрезентациите на Литванија, Полска и Естонија. Три од овие четири селекции ќе обезбедат пласман на Европското првенство, со забелешка, дека Полска, како еден од ко-организаторите на наредниот собир на најдобрите европски селекции, има директен пласман на Евробаскетот.

ПретходноМакедонската репрезентација до 16 години на зимски камп во Кичево
СледноДани Алвеш осуден на 4,5 години затвор заради силување!