Фудбалерите на Динамо Загреб се пласираа во осминафиналето на Конференциската лига, откако го елиминираа шпански Бетис. На првиот меч во Шпанија беше 1:0 за Динамо, па вечерашните 1:1 на распродадениот „Максимир“ им донесе пласман во следната фаза на хрватските шампиони.
Бетис поведе во 38. минута со голот на Бакамбу (ВИДЕО) и на полувремето „зелено-белите“ имаа предност. Сепак, во вториот дел Јапонецот Такуро Канеко брилијантно ја следеше акцијата и центаршутот на Хоџа од левата страна, се прикраде зад одбраната на Бетис и ја погоди мрежата за 1:1 (ВИДЕО).
Понатаму отиде и Сервет кој победи на гостувањето кај Лудогорец со 1:0, што беше доволно по мечот без голови на првиот меч. Бодо/Глимт и Ајакс одиграа 1:1 во регуларниот дел, па продолженијата или пеналите ќе го дадат одговорот кој ќе оди понатаму, бидејќи на првиот меч во Амстердам беше 2:2.