Светскиот шампион Аргентина во март ќе одигра пријателски натпревари против Ел Салвадор и Нигерија.
Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) соопшти дека светските шампиони од 18 до 26 март ќе тренираат во САД. Аргентина на 22 март ќе игра против Ел Салвадор во Филаделфија, а четири дена подоцна во Лос Анџелес ќе ја пречека Нигерија.
Тамошните медиуми потсетуваат дека за Аргентинците овие натпревари ќе бидат подготовка за претстојниот Копа Америка кој е на програмата од 20 јуни до 14 јули во САД.