Австрискиот фудбалер Давид Алаба, е промовиран во нов член на Реал Мадрид. Овој 29-годишен стопер и левокрилен фудбалер потпиша договор со „кралевите“ откако ги мина лекарските прегледи.
Алаба во Мадрид ќе остане во следните пет години, и ќе има годишна плата од 12 милиони евра.
Новиот член на Реал Мадрид го одбра бројот 4, кој досега го носеше Серхио Рамос, кој се пресели во ПСЖ.
👀💬 The group chat’s got a new member…#ThisIsGrandeza | @adidasfootball | @adidas_es pic.twitter.com/Kg664eYFda
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) July 21, 2021