Македонија загуби од Естонија во мечод квалификациите за Евробаскетот 2025, а Ненад Димитријевиќ постигна 25 поени. Без оглед на поразот, најдобриот македонски кошаркар верува дека ќе може да се избори пласман на шампионатот.
„Ова беше тежок натпревар, игравме против квалитетна естонска репрезентација. Одигравме одличен прв дел, а потоа малку бевме полоши. Загубивме со пет поени разлика, но имаме реванш. Освен тоа, играме уште натпревари, против Полска и Литванија. Нема да се откажеме и верувам дека можеме да играме на високо ниво и на наредните натпревари“, изјави Нено.
Тој имаше повреда во торото полувреме.
„Имав јак грч, се надевам ќе остане само на тоа. Првпат сезонава ми се случува, а ете, мораше да биде баш денес. Разочаран сум од тоа што се случи. Инаку атмосферата во тимот беше одлична, одигравме сплотено. Во вториот дел ја загубивме хомогеноста и веројатно тоа нè чинеше пораз“, изјави македонскиот кошаркар.