Натпреварот меѓу Мајами и Њу Орлеанс го одбележа меѓусебна тепачка на кошаркарите поради што се исклучени четворица играчи. Инцидентот се случи на почетокот на последниот период по неспортски фаул на искусниот Кевин Лав над Зајон Вилијамс. Потоа имаше кошкање меѓу Најџел Маршал и Џими Батлер и потоа ситуацијата ескалираше. Батлер почна да го дави ривалот, повеќе кошаркари се вмешаа и почнаа да се тепаат.
Кога се смири ситуацијата судијата ги исклучи Џими Батлер и Томас Брајант од Мајами, како и Маршал и Хозе Алвараде од Њу Орлеанс.