Без голови во Струга по првото полувреме на мега – дербито во кое се среќаваат шампионот и Шкупи. Ова е битка и за врвот на табелата во ПМФЛ.
Се можеше да биде поинаку ако Бесарт Ибраими во 3.минута го реализираше пеналот, кој што беше оправдано досуден по фаулот на голманот на гостите Артан Иљази врз Буњамин Шабани во таа 2.минута.
Сепак Иљази успеа да му го одбрани ударот на најдобриот стрелец во историјата во ПМФЛ и со тоа да поправи својата грешка.
Инаку домашниот тим имаше повеќе од играта, покрај пеналот Струга ТЛ можеше да поведе по шутот на Камбери во 23.минута и Радески во 42.минута.
Сепак на пауза се замина со тие почетни 0:0. Гледавме интересно и квалитетно прво полувреме за наши услови.
Ова е прв меч од 20.коло во ПМФЛ, сите останати се играат утре.