Една од најубавите приказни од последното Европско првенство е репрезентацијата на Фарски Острови. Оваа земја која со години градеше ракометен тим и го воведе данскиот систем на работа, полека почна да ги собира плодовите. Во Германија заедно со своите фанови не остнаа незабележани.
Сега, за нов голем историски успех ќе се бори против Македонија. Фарски Острови е противник на нашата репрезентација за бараж мечот за пласман на Светското првенство 2025 година.
Првата средба се игра на 8. мај на теренот на „Фараните“, а билетите се распродадоа за помалку од две минути. Станува за бројка од 1000 билети. Салата во Торшавн е со капацитет од 1.700 гледачи, но останатите ќе одат кај пријателите на федерацијата.
Реваншот ќе се игра во Скопје на 12. мај во СЦ „Борис Трајковски“.