Не е тајна дека Ентони, иако Манчестер Јунајтед потроши тешки милиони за него, не успева да се снајде во тимот. Има проблеми со формата, иако беше форсиран од страна на својот тренер Ерик Тен Хаг и тоа како.
Но она што му се случи вчера за време на средбата Манчестер Јунајтед – Фулам (1:2) навистина беше чисто понижување, и тоа на неговиот роденден.
Имено Тен Хаг го внесе во игра Бразилецот во 99. минута, и тоа на само 30 секунди до крајот, онака незаграен.
Дури и на самиот Ентони не му беше јасно што се бара од него да направи за 30 секунди.
Веројатно тоа го знаеше само Тен Хаг.