Се играше шестата минута од судиското продолжение на мечот во Торино меѓу Јувентус и Фрозиноне, а резултатот беше 2:2. Но тогаш Ругани со гол му донесе победа на Јуве од 3:2 на овој натпревар на кој имаше пресврти.
Имено Јуве поведе уште во 3.минута со голот на Влаховиќ, гостите вратија со два гола за водство од 1:2 преку Кедира и Брешиани, но Влаховиќ со својот втор гол донесе 2:2, резултат со кој се замина на пауза.
Рековме веќе, во 96 минута Ругани стрелаше за победа за Јуве од 3:2.