Магдинчев нов тренер на Тиквеш, нова „петорка“ во најава

1099

Искусниот ракометен стратег Ристо Магдинчев е нов кормилар на екипата на ГРК Тиквеш 2014. Магдинчев доаѓа на местото на Горан Андоноски, кој досега го водеше тимот.

„Борбата за опстанок во натпреварувачката сезона 2020/21 година беше со интензивен карактер, во кој ГРК Тиквеш 2014 го покажа својот квалитет како успешен проект и тим кој знае да победува и да биде дел од елитното ракометно друштво. Новата сезона со себе носи нови предизвици, но клубот со полна пареа работи и се среми кон новите предизвици и победи особено на домашен терен пред полна сала „Јасмин“ со целиот нејзин сјај и капацитет“, се вели во клупското соопштение.

ПретходноПјаниќ сака назад во Јувентус, па дури и за помала плата
СледноМаркос Рохо со ПП апарат против играчите на Атлетико Минеиро (ВИДЕО)