Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино по поразот на неговиот тим од Ливерпул со 0:1 во финалето на Карабао купот беше крајно разочаран.
„И покрај поразот, јас сум горд. Играчите дадоа се од себе. Ние сме млад тим и не можеме да се споредуваме со Ливерпул. Чувствував дека играме за пенали во тие продолженија. Разликата во години меѓу двата тима не е толку голема, речиси е иста. Создадовме четири, пет, шест големи шанси и не постигнавме гол. Во натпревар како денешниот и во финале, да постигнете прв гол е голема предност. Не постигнавме гол и тоа е проблем. Примивме гол во последните минути и тешко е да се реагира. Играчите мора да ја почувствуваат болката“, изјави Покетино.