Нови играчки проблеми за Клоп, се повреди и Ендо

150

На проблемите со повредени играчи во составот на Ливерпул им нема крај. Синоќа по освојувањето на Лига Купот на Англија, уште еден фудбалер на „црвените“ мечот го заврши на патерици.

Како што објавија англиските медиуми и Јапонецот Ватару Ендо заработил повреда на зглобот по еден удар на Мојсес Каиседо.

Играчот од средниот ред на Ливерпул го напуштил стадионот „Вембли“ со патерици и прашање е колкав период ќе треба да паузира.

Еквадорецот Каиседо претходно во текот на мечот го повреди и Рајан Гравенберх, по што играчот беше изнесен од теренот на носилки.

ПретходноУниверзитет во Тетово ја мина Лирија на 4. место на табелата
СледноФилип Савовски со 7 поени за куп-трофеј во витрините на Војводина