Дејан Георгиевски против светскиот шампион на стартот на ОИ

540

Македонскиот претставник на Олимписките игри во Токио во таекводно, и воедно знаменосецот на нашата делегација на овие игри, Дејан Георгиевски немаше среќа во ждрепката.

Тој на стартот на турнирот на 27 јули, ќе се сретне со актуелниот светски шампион Рафаел Алба од Куба. Противникот е фаворит на хартија но ние веруваме дека Георгиевски ќе најде во себе капацитет и квалитет да му се спротивстави.

Борбата ќе се одржи на 27 јули, во периодот од 14 до 16 часот, а точниот термин ќе биде утврден накнадно.

 

 

ПретходноМаркос Рохо со ПП апарат против играчите на Атлетико Минеиро (ВИДЕО)
СледноБрегалница подобра од Бачка на Златибор