Марко Ројс се враќа во Менхенгладбах!?

210

Марко Ројс (34), иконата на Борусија Дортмунд, актуелниот капитен на “милионерите“ по завршување на сезоната веројатно дека ќе го напушти „Сигнал Идуна Парк“.

Познато е дека играчот за врска во Дортмунд дојде од Борусија Менхенгладбах и тоа во сега далечната 2012 година, и тоа за тогаш големи 17 милиони евра.

Ројс имаше одлична кариера, играше и за репрезентацијата на Германија, но бројните повреди го спречија да биде дел од самиот светски врв.

Како што пренесуваа медиумите во Германија големи се шансите тој по 14 години да се врати во Менхенгладбах, но за неговите услуги биле заинтересирани и клубови од МЛС.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 20.КОЛО: Кехинде ја расплака Шкендија
СледноКоментар на 20.коло: Фудбал за мераци во Струга, Вардар во еуфорија, Ѓорче се спрема за Втора лига….