Јончевски: Знаевме со кого играме! Секоја чест за момците!

238

И селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски имаше само пофлани зборови за своите играчи по убедливата победа над Полска од 71-96, прва во квалификациите за ЕП 2025 година.

Јончевски има право на задоволство бидејќи сето она што го договориле, кошаркарите го испочитуваа на дело. Одиграа одлично во одбраната и уште помоќно во нападот.

„Момците го испочитуваа сето она што го договоривме. По тешкиот пораз од Естонија, знаевме со кого играме, Полска има добар тим и добар тренер. Ризикувавме со отворени позиции за Балчеровски, но тоа беше наша стратегија и излезе добро.

Честитки до сите момци без разлика дали играа една или повеќе минути, сите се заслужни за победата“, рече Јончевски.

Македонија следните квалификациски дуели ги игра во ноември, ја чека двомеч со Литванија.

ПретходноХап: Лесно е кога имаш играч како Нено, му ја даваш топката и тој знаеш што да направи!
СледноРФМ со честитки до кошаркарите: Браво момци за сплотеноста и одличната игра!