После долго време, Македонија кончено доби лидер каков што сонуваше во Ненад Димитријевиќ. Македонскиот репрезентативец на двата квалификациски меча за пласман на Европското првенство 2025 беше „моторот“ во нашиот национален тим, едноставно е неуморен.
Нено низ годините прерасна во кошаркар кој ги има сите квалитети, а тоа го покажува и на теренот. Против Полска беше на чекор до трипл-дабл, запиша 32 поени, 8 скока и 8 асистенции. Тој го одигра речиси целиот меч, на теренот мина 39:25 минути. Со него и без него играта во нашиот национален тим дефинитивно е различна.
На „Твитер“ профилот на ФИБА Евробаскет стои видео со дел од неверојатните потези и поени на Нено.
Nenad Dimitrijevic doesn’t take easy shots. 🤹♂️🎪#EuroBasket x #MakeYourMark pic.twitter.com/J8btOikvQ2
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) February 26, 2024