Куман: Меси мора да остане, без него е невозможно да се игра

105

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, по поразот од Селта (1:2), повторно зборуваше за иднината на аргентинскиот напаѓач Лионел Меси.

„Се надеваме дека Меси нема да замине затоа што тој е сè уште најдобриот играч на светот и денес покажа дека е невозможно да се игра без него. Тој постигна 30 гола, што на тимот му донесе многу бодови. Што се однесува до мене и клубот, се надеваме дека тој ќе остане со нас, бидејќи ако го немаме, се сомневаме дека некој ќе успее да ги повтори неговите резултати“, вели Куман.

Барселона со 76 бода е на третото место во поредокот на Ла Лига и втора сезона останува без шампионската титула.

ПретходноЦорк: Јас не знам колку пати треба да кажам, Халанд останува во Борусија (Д)
СледноСтруга ТЛ со навивачите го прослави пласманот во европските купови (ВИДЕО)