Сари ја искритикува трансферната политика на Лацио

261

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари изрази разочарување од настапот на тимот во поразот од Фиорентина (2:1). Тој исто така беше запрашан за тоа зошто не дава повеќе време за игра на новите засилувања Валентин Кастељанос, Даичи Камада и Лука Пелегрини. Тој ја искритикува трансферната политика на клубот.
Сите потпишуваат со тие што си ги сакаат. Мислам дека клубот беше јасен во јули за тоа кој ги прави трансферите. Ако побарам фудбалер кој е план „А“ и ме тераш да изберам помеѓу планот „Б“ и „Д“… Тоа значи дека јас не сум учествувал на трансфер пазарот.

Но, тоа не е дел од дискусијата што треба да ја имаме вечерва. Имаше олеснителни околности, но не многу оправдувања. Настапот беше лош, а плиткото размислување очигледно. Слаб перформанс. Бевме исплашени, но и во лоша игра очекував повеќе. Излеговме на терен со двајца-тројца играчи на кои им требаше одмор или имаа симптоми на грип. Имаше и такви кои дојдоа од клупата без извесно време да тренираат со тимот.

Тензијата и физичкиот напор ги прават несмасни. Тимот ми изгледаше без знаење. За да можеш да играш на четири турнири како нас, потребна е силна материјална и ментална структура, како и луѓе кои се навикнати да играат на секои три дена“, прокоментира Сари по мечот.

ПретходноПо 12 години на патеките: Легендарната Норвежанка оди во пензија
СледноКаков ФА Куп натпревар: 5 гола на Халанд, 4 асистенции на Де Бруин