Де Бруин не сака да игра во Саудиска Арабија: Ако си оди од Сити ќе оди во МЛС

418

Откако стигнаа информации дека Белгиецот ќе добие милионски понуди од Блискиот Исток, играчот од средниот ред на Манчестер Сити најави дека ако мора да си оди од Англија, следна дестинација веројатно ќе му биде Америка.

„Атлетик“ пишува дека на Белгиецот веќе му биле понудени околу 70 милиони евра годишно од Саудиска Арабија, но тој одбил да замине. Де Брујн планираше да го продолжи договорот со „Граѓаните“ и евентуално да ја заврши кариерата кај нив.

Постои можност Манчестер Сити да ја разгледа можноста за негова продажба, па доколку се случи да си замине, Де Бруин би сакал да заигра во МЛС лигата во САД.

ПретходноИнтер почна постапка за откуп на договорот на Фратези
СледноПо 12 години на патеките: Легендарната Норвежанка оди во пензија