На 2,6 секунди до крајот Далас преку Вашингтон постигнува поени за водство од 119:118, и се чинеше дека се е готово. Дека Кливленд на свој терен е поразен.
Но, така не мислеше фантастичниот Макс Струс кој од 18 метри, буквално во последените мигови од мечот погоди неверојатна тројка за победа на својот тим.
HALFCOURT. GAME WINNER. MAX STRUS. #LETEMKNOW pic.twitter.com/HtfZ9RRNGL
— Cleveland Cavaliers (@cavs) February 28, 2024
Инаку Струс во последните пет минути од средбата реализираше пет тројки. Од друга страна Лука Дончиќ заврши со 45 поени, но и тоа не беше доволно за победа. Инаку по 1996/97 ова е вториот шут од најголема далечина за победа.
На останатите мечеви утринава во НБА се постигнаа следните резултати:
Орландо – Бруклин 108:81, Вашингтон – Голден Стејт 112:123, Аталанта – Јута 124:97, Бостон – Филаделфија 117:99, Њујорк – Њу Орлеанс 92:115, Чикаго – Детроит 95:105, Милвоки – Шарлот 123:85, Минесота – Сан Антонио 114:105, Оклахома – Хјустон 112:95, Портланд – Мајами 96:106.