Женската репрезентација на Македонија го загуби и вториот пријателски меч од соодветната селекција на Грузија. Мечот, како и првиот, се одигра во Тбилиси, а овојпат Грузија славеше со 1:0.
Голот падна во 17. минута. По нафрлување од слободен удар и грешка на нашата одбраната, капитенката на Грузијките, Тамар Татуашвили се најде на точно место и ја смести топката во мрежата.
Ова е уште една контролка за избраничките на Кирил Изов за она што допрва следува.
Да потсетиме дека пред три дена Грузијките ја победија нашата селекција со 3:0.