Екс-фудбалерот на Манчестер Јунајтед стана селектор на Република Ирска

421

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Џон О’Ши е назначен за привремен селектор на Република Ирска. Тој ќе го предводи националниот тим на пријателските мечеви против Белгија и Швајцарија во март и двата во Даблин.
Играчот кој одигра преку 250 натпревари за Манчестер Јунајтед доколку задоволи тогаш може да добие договор на подолг период.
О’Ши има и 118 настапи за Ирска и е трет на вечната листа по број на настапи. Претходно беше помошник на поранешниот селектор Стивен Кени.

 

ПретходноФК Брера од петок со свој Фан шоп во Струмица
СледноКарлос Саинц во 2025 во болидот на Ред Бул?!