Марко Ројс одбил продолжување на договорот со Борусија Дортмунд

175

Офанзивниот играч за врска, Марко Ројс најверојатно ќе ја напушти Борусија Дортмунд по завршување на сезоната. Според медиумите од Германија, 34-годишниот фудбалер одбил да го продолжи договорот, што значи дека летоска ќе биде слободен.
Се шпекулира за можно враќање во Борусија Менхенгладбах, но и преселба во МЛС лигата каде што неколку клубови пројавиле интерес.
Ројс дојде во Дортмунд во 2012 година за 17 милиони евра и е шестиот фудбалер на овој клуб со преку 400 натпчревари. Оваа сезона во 28 натпревари има шест гола и четири асистенции.

ПретходноЃорческа со триумф во првото коло на турнирот во Трнава
СледноАбиола Бамијоко е нов член на Сондерјиске