Роналдо суспендиран, ќе мора да плати и 7.200 евра!

947

По се она што го направи на мечот меѓу Ал Наср и Ал Шабаб, кога на простачки начин изреагира, ете Саудијците собраа храброст и го суспенцираа Кристијано Роналдо. Се очекуваше поголема суспензија, но ете, тој ќе мора да паузира само на еден меч. Исто така тој е казнет со вкупни 7.200 евра, сума која навистина е смешна ако се знае дека Португалецот како играч на Ал Наср годишно заработува 200 милиони евра.

Инаку Роналдо непристојно реагираше кон противничките навивачи кога тие се обидоа да го изнервираат и му скандираа: Меси, Меси…

ПретходноКошаркарките подготвени за завршниот турнир на Купот, Баскет Кам прв фаворит
СледноУ-19: Македонија убедлива на втората контрола против БиХ!