Загреб го совлада моќниот ПСЖ и избори осминафинале во ЛШ

1027

Во меч од 13.коло на ракометната Лига на шампиони, РК Загреб го совлада моќниот ПСЖ со 28:26. Тоа е меч од групата А, а со овој триумф Загреб осигура пласман во осминафиналето на ЛШ, додека ПСЖ си ја закомпликува ситуацијата бидејќи на едно коло пред крајот францускиот тим заостанува три бода во однос на Алборг и не можат директно во четвртфиналето од првите две позиции.
Лука Кларица постигна 10 голови, а Кос и Чупиќ постигнаа по четири голови.
Кај ПСЖ најефикасен беше Камил Сипржак со шест голови.
А во истата група Киелце го совлада Колстад со 31:23.
Директно во четвртфиналето од оваа група одат Киел и Алборг, а во осминафиналето ќе одат ПСЖ, Киелце, Загреб и Сегет.

ПретходноТен Хаг: Јунајтед има капацитет, сигурен сум дека во иднина ќе се бори за титули во Англија и Европа
СледноИнциденти во Билбао пред полуфиналето меѓу Атлетик и Атлетико