Филип Николов и РК Бутел и официјално потпишаа нов договор во траење до 2026 година. Тоа значи дека овој ракометар најмалку уште две сезони ќе го носи дресот на членот на ракометната Суперлига на Македонија.
Како што наведуваат од таборот на РК Бутел, тие се задоволни што ќе го имаат Николов, кој е најдобар стрелец во тимот на стратегот Горан Кузманоски, и во наредниот период.