КК Куманово 2009 и дефинитивно е исфрлен од Втората лига!

238

КК Куманово 2009 и официјално не веќе член во Втората кошаркарска лига на Македонија, ова денеска го објави КФСМ. Се чини дека ова е крај на постоењето на овој клуб, кој некогаш беше и финалист во битката за титулата во нашата елитна лига и кошаркарска гордост на својот град, во два наврати.

Сепак ова не значи дека е крај на кошарката во Куманово, ако се знае дека клубот МКК Куманово игра во Втората лига, каде што е и Марин Докузовски.

Поради неподмирени надоместоци и патни трошоци за службените лица, неплатени две котизации за натпреварување и долгувања од минатата сезона, за кои на Куманово 2009 му биле дадени неколку рокови, а истите не биле испочитувани, го загубила службено натпреварот со екипата на КК „Шкупи“ во склоп на 16. коло од Втората лига – мажи со резултат 20-0. Согласно членовите 47, 52.2 и 61.10 од Пропозиции за натпреварување во Сениорските лиги, поради два загубени натпревари со службен резултат, екипата на КК Куманово 2009 ќе се исклучи од понатамошното натпреварување во Втората лига мажи. Бодовите на екипата на КК Куманово 2009 се бришат согласно член 34 од Правилникот за натпреварување во Сениорски лиги“, се вели во денешниот Билтен на КФМ.

ПретходноМакедонецот кој е светски првак во кикбокс, ќе брка “виза“ за ОИ во друг спорт!
СледноЛапорта се консултирал со Пеп за тоа кој да биде тренер на Барса, овој веднаш посочил едно име!