ИФАБ ретерира: Ништо од најавата за воведување син картон во фудбалот?

48

Бордот на Меѓународната фудбалска асоцијација (ИФАБ), кој ги одржува и регулира правилата на фудбалската игра, најверојатно нема да ја одобри одлуката за воведување на син картон. Картонот е замислен да се дава за тактички грешки и расправии со судиите. Играчот кој ќе го добие синиот картон треба да биде исклучен од мечот от на 10 минути.

Воведувањето на синиот картон во фудбалот може да биде отфрлено, откако наиде на низа негативни реакции. Сепак, по низата негативни критики кои дојдоа од менаџерите на големите европски клубови кои рекоа дека „синиот картон ќе го уништи фудбалот “ , ИФАБ не е сигурен за неговото воведување во првилата на фудбалската игра.

Состанокот на бордот на ИФАБ ќе се одржи утре, па останува да се сочекаат конечните одлуки.

ПретходноВардар им се врати на победите (ФОТО)
СледноДе Лаурентис се жали во ФИФА: Јувентус не смее да игра на Светското клупско првенство