Голем удар за ОИ во Токио. Во денот кога е забележана најголема бројка на заразени од коронавирусот во градот каде во петок почнува Олимпијадата, раководството една држава одлучи да ја повлече целата своја експедиција и да ја врати дома, и тоа од страв од Ковид-19. Станува збор за Гвинеја.
Оваа одлука ја потврди министерот за здравство на Гвинеја и со тоа ги оправда сомневањата дека овие ОИ би можеле да се организираат како што треба и како што е планирано.
Интересно е тоа дека оваа мала африканска земја требаше да учествува со пет спортисти, инаку дел од експедицијата веќе беше во Токио.
Ова ќе биде по третпат Гвинеја да не учествува на ОИ, прво тоа беше во Минхен 1972 а потоа и во Монтреал во 1976.