Вардар ќе биде посилен, Јапонецот почна со тренинзи

1296

Косуке Јасихура, едно од најдобрите засилувања на Вардар 1961 оваа сезона полека се враќа во ритам.

Јапонецот се повреди за време на Азиските игри, што пак се одрази во играта на црвено-црните на стартот на плеј-офот. Вардар без Јасихура, дефинитивно изгледа поинаку.

Најновите информации се дека наскоро Владо Недановски ќе може да смета на неговите услуги.

Јасихура денеска беше на трибините на дуелот меѓу Вардaр 1961 и Струга, кој беше вистинска рехабилитација по двата порази во низа.

ПретходноДе Лаурентис се жали во ФИФА: Јувентус не смее да игра на Светското клупско првенство
СледноИ Нигерија остана без селектор, Пезеиро си замина