Барселона на подготвителен натпревар го победи Гимнастик со 4:0, а одличен меч одигра албанскиот напаѓач Рој Манај.
Сето тоа се случуваше во вториот дел кога Манај доби шанса, и ја искористи максимално. Постигна „хет-трик“ и покажа дека станува збор за одличен играч. Особено првиот гол беше одличен.
Шпанските медиуми пишуваат за овој 24-годишен фудбалер кој стигна во Барса во 2020 година, но главно играше за „Б“ тимот.
Пред неколку дена од Барселона потврдија дека Манај е на продажба, а тој постигна хет-трик. Особоено прекрасен беше првиот гол.
ABSOLUTE 𝑮𝑶𝑳𝑨𝒁𝑶❗🤯
𝗟𝗜𝗩𝗘 𝗻𝗼𝘄 𝗼𝗻 𝗕𝗮𝗿𝗰̧𝗮 𝗧𝗩+
🖥 https://t.co/OwWxcPIwcx pic.twitter.com/iVj1bdHBDO— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 21, 2021
После натпреварот навивачите на Барселона коментираа дека Манај мора да добие шанса, но дали Куман и Лапорта ќе се премислат, ќе дознаеме многу брзо.