Преговорите на Јувентус за трансфер на Локатели продолжуваат, а последните информации се дека Сасуоло се согласил на позајмица од две години, и потоа откуп за 35 милиони плус 10 милиони бонуси.
Арсенал, пак, покажа дека е подготвен за неговиот потпис и нуди 40 милиони плус 5 милиони бонуси. Меѓутоа фудбалерот е дециден дека сака во Јувентус.
Првата понуда на Јувентус беше одбиена, а таа беше две години позајмица, и потоа откуп за 25 милиони.
Но, се чини дека двете страни се блиску до договор кој ќе дојде во следните денови.