За денеска се закажани сите шест средби од 21.коло во ПМФЛ. Се знае дека дербито се игра под Шара, каде Шкендија го дочекува Вардар. Во Кратово домашниот Силекс се среќава со Струга ТЛ, тренерот на кратовци Александар Васоски уште ја чека својата прва победа како стратег на Силекс.
По неколку месеци пауза, Работнички се враќа на Арената “Тодор Проески“ и како домаќин ја дочекува Брегалница. Екстра важен меч за двете екипи.
Младиот играч на Работнички, Матеј Ангелов за денешниот дуел со штипските “сини“ изјавува:
„Натпреварот против Брегалница е многу важен за нас. Подготвени сме за надигрување и сакаме да дојдеме до првиот пролетен триумф. По долг период се враќаме на Арената и тоа ќе биде дополнителен мотив да одиграме квалитетен натпревар. Ги посакуваме трите бода и ќе сториме сѐ да ги освоиме“потенцира Ангелов.
Гостивар кој нема пораз од септември минатата година дома игра со Брера, со забревтаната Брера која во првите две пролетни кола освои шест бода и веднаш го избегна дното на табелата, сега и двете екипи имаат по 26 бода и се на делба на 5.место. Очекуваме интересен, атрактивен и квалитетен двобој.
Шкупи на Чаир го дочекува Тиквеш. Лидерот ја има фаворитската улога, тука нема дилеми, но момците на стратегот Ѓорѓи Мојсов секогаш играат отворен фудбал и знаат да изненадат и тоа како.
Во Ѓорче се среќаваат Македонија ЃП и Воска. Се чини еден од најважните мечеви оваа сезона во “лавовите“. Ако не победат тогаш ќе западнат во големи проблеми во однос на битката за опстанок. Ова е меч меѓу два директни конкуренти за избегнување на најлошото.
ДВОЈКИ ЗА 21.КОЛО – ДЕНЕСКА 14 Ч
Шкендија – Вардар
Гостивар – Брера
Македонија ЃП – Воска
Силекс – Струга ТЛ
Шкупи – Тиквеш
Работнички – Брегалница
ТАБЕЛА
Шкупи 42, Струга ТЛ 41, Шкендија 39, Силекс 28, Брера 26, Гостивар 26, Тиквеш 25, Работнички 24, Воска 21, Вардар 21, Брегалница 20, Македонија ЃП 18















